Сите дела се направени во Microsoft PowerPoint на MacBook Pro. Искористени се формите достапни во PowerPoint, а цртањето на форми со слободна рака е извршено со помош на допирната површина (touchpad).
Сите дела се достапни во било која големина без никаква загуба на квалитетот. Делата се нудат испечатени на ПВЦ винил и искаширани на 5 мм Форекс плоча.
За едноставност, понудени се три популарни категории со по две димензии за секоја. Секоја категорија има универзални цени без оглед на димензиите: мала – 4000 ден. само за принтот и 5000 ден. комплетно врамена, средна – 4500 ден. и 6000 ден., и голема – 5000 ден. и 7000 ден. Со кликнување на делото ќе ги добиете деталните информации. За димензии вон понудените, цената ќе биде дополнително пресметана.
Изготвувањето на делото се врши во рок од 48 часа. Истото може да се превземе само во рамките на Скопје на локација утврдена помеѓу уметникот и купецот.
Ако сте заинтересирани, исконтактирајте ме на мојот Instagram профил: @drashko.nakikj.art.
| принт | врамена | |
|---|---|---|
| мала | 4000 ден. | 5000 ден. |
| средна | 4500 ден. | 6000 ден. |
| голема | 5000 ден. | 7000 ден. |

Драшко Накиќ (14.07.1983, Скопје, Северна Македонија) е доктор на науки по биомедицинска информатика. Моментно работи на својот стартап, а поседува долгогодишно истражувачко искуство на универзитетите Харвард и Колумбија во САД. Во својата претприемачка и научна дејност, д-р Накиќ се фокусира на дизајн на алатки поткрепени од вештачка интелигенција кои им помагаат на пациентите да ги разберат своите медицински податоци и да комуницираат поефективно со лекарите. Во 2020 година, Драшко се одлучува да ги преточи своите вештини за визуелизација на податоци во презентирање на животни настани преку геометриски форми и строги правила на нивниот аранжман. Овој труд вродува со плод преку самостојни изложби во Њујорк (САД) во 2025 година и Скопје (Северна Македонија) во 2026 година.